СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

GCash собира над 175 милиони долари нов капитал

Филипинскиот мобилен паричник GCash собра повеќе од 175 милиони долари.

Тој ги собра од Bow Wave Capital Management со седиште во Њујорк, соопшти одделот за финансии на Globe Telecom Inc.

Капиталните инвестиции ја зголемуваат проценката на GCash на скоро една милијарда долари, според најавата на Globe во понеделникот. Bow Wave веќе има 14% удел во Mynt, кој работи со GCash, преку локален фонд со кој управува.

Уделот на Globe е намален на 40% од 46%, додека уделот на Ayala Corp, матичната компанија на Globe, е намален на 6% од 8%, изјави за Ројтерс портпаролот на Globe.

Исто така, го намали уделот на Ant Financial, финтек одделот на Alibaba, на 40% од 46%.

„Пандемијата делува како катализатор во нагласувањето на важноста на дигиталните финансии во општеството денес, и со оваа инвестиција од Bow Wave, со нетрпение очекуваме да ја завршиме нашата визија за финансирање за сите“, рече Марта Сазон, претседател и извршен директор на Mynt.

Поврзани вести

Етереум фјучерсите на ЦME со 30 милиони долари обем на првиот ден

Влатко Зорба

Шефот на Coinbase ќе добива бонус од милион долари на ден доколку ја извади на берза

Влатко Зорба

НА ЧЕКОР од широка употреба: Маск му даде „ВЕТАР ВО ГРБ“ на Биткоин

Влатко Зорба