СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Нова безбедносна ранливост влијае на Apple уредите

Apple ги предупреди корисниците за време на викендот да ги ажурираат своите iPhone, iPad и Watch уреди, пред да започнат пребарување на Интернет. Компанијата објави ажурирања на iOS 14.4.2, watchOS 7.3.3 и iPadOS 14.4.2, за решавање на ранливост што може да претставува активна закана за безбедноста.

Apple не беше првиот кој ја откри оваа закана, откако тоа го сторија Климент Лечин и Били Леонард од Google Threat Analysis Group. Apple не објави премногу детали, што е вообичаено пред да се спроведе внатрешна истрага за проблемот.

Компанијата посочи дека е свесна за проблемот, како и за фактот дека тој можел активно да се искористи.

Apple во моментов работи на големо ажурирање на софтверот во форма на iOS 14.5, што ќе имплементира голем број безбедносни ажурирања, па објавувањето на ова безбедносно ажурирање неколку недели порано значи дека откриениот проблем е од посериозна природа.

Оние што немаат вклучено автоматско ажурирање или не ја гледаат пораката за ажурирање на системот, можат да одат во Settings > General > Software Update на нивните iPhone и iPad уреди за да започнат со процесот на ажурирање.

Поврзани вести

Мобилна апликација препознава ризик од добивање грип користејќи вештачка интелигенција

msp-admin

Huawei P40 Pro може да добие специјален сензор од 52MP од Sony

msp-admin

Viber воведува нова опција – пораки кои исчезнуваат

msp-admin