СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Лоша вест за јутјуберите: Се воведува дополнителен данок во САД

YouTube започна да ги информира креаторите на видеа што живеат надвор од САД дека ќе започнат да им одбиваат дел од заработката што ќе се користи за плаќање даноци во таа земја.

Според YouTube, односно нивната матична компанија Google, од јуни 2021 година, авторите кои се надвор од САД ќе мора да наплатат дополнителен износ на данок на доход што го заработиле на оваа видео-платформа. Од таа причина, тие побараа од сите креатори да им достават точни даночни податоци за да може прецизно да се пресмета данокот. Крајниот рок за доставување на бараните податоци е 31 април.

Официјалното објаснување вели дека „според Поглавје 3 од Даночниот законик на САД, Google има обврска да собира податоци, како и да пресметува и да поднесува даноци до Службата за внатрешни приходи на САД (позната и како IRS) доколку некој автор е вклучен во YouTube Програмата за партнери и генерира приход од гледач во Соединетите држави“.

Одлуката веројатно ќе ги намали приходите на авторот до одреден степен.

YouTube посочува дека ќе ги потсети своите креатори на новите обврски со приближувањето на крајниот рок, но судејќи според коментарите, формуларите што треба да ги пополнат јутуберите предизвикаа бројни сомнежи. Некои креатори не знаат дали нивната земја има потпишан договор со САД, додека други ги немаат сите информации што се бараат во формуларите, бидејќи тие не постојат во нивната земја.

Поврзани вести

И автомобилите на BMW ќе поддржуваат Android Auto

msp-admin

Redmi телефоните ќе имаат 108MP камери

Влатко Зорба

Возилото за на Месечината на „Тојота“ ќе се вика Lunar Cruiser (ВИДЕО)

msp-admin