16.8 C
Скопје
25 септември, 2026
СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Microsoft пројавува интерес за паметна облека

Google финансира разни проекти за паметни облеки и е една од најактивните компании во оваа област. Еволуцијата на технологијата и истражувањето ги тера другите популарни брендови да покажат интерес. На пример, Microsoft веќе има регистрирано патент со името „Electronically Functional Yarn“ на своето име. Компанијата се чини дека планира да започне со развој на паметни ткаенини за паметна облека.

Документите за патенти опишуваат метод за производство на ткаенини, кои обезбедуваат напредна компјутерска технологија. Веќе се експериментира со различни материјали за да се претвори овој проект на Microsoft во реалност. Компанијата сака да произведе „електронски функционална нишка“ која ќе најде примена во најразлична облека како што се маици, ракавици и јакни, пренесува mspoweruser.

Тековните податоци само ја потврдуваат желбата на Microsoft да го прошири својот бизнис во сегментот за паметна облека. Сè уште е рано да се очекува да видиме вистински производи со паметни ткаенини на компанијата. Сепак, ваквата технологија може да има разновидни примени во контроверзната и фитнес облека, но и во медицината, модата, автомобилската индустрија, паметните домови и многу повеќе.

Поврзани вести

Не бара бакшиш, а работи совршено

msp-admin

Хибриден камион на Daimler ќе поминува над 1.000 км со еден резервоар водород

Влатко Зорба

Познато кога ќе биде објавена новата верзија на Windows 10

Влатко Зорба