Знаеме дека сте запознаени со тоа ужасно чувство кога набрзина ќе избришете нешто, па ја празните корпата во Windows, и потоа си го правите животот пекол…
Токму тоа ќе се смени, за да не се вознемирувате повеќе, а знаеме дека се нервирате…
Microsoft додава своја Windows File Recovery алатка (командна линија), која ќе им овозможи на документите и датотеките од корпата за рециклирање да бидат магично вратени во неа. Ќе биде поддржана и враќање на избришаните датотеки од хард дискот, USB меморијата и SD-картичките, како што се MP3 музика, MP4 видеа, PDF документи, JPEG слики и слики од други екстензии, како и типични Word, Excel, PowerPoint и други документи на Microsoft.
Засега, алатката е дизајнирана да поврати избришани датотеки од NTFS системот, дури и оштетени дискови (corrupted), како и форматирани дискови. Сепак, Windows File Recovery наскоро ќе поддржува и FAT, exFAT и ReFS системи.
Microsoft веќе овозможи да ја тестира оваа опција во рана фаза преку Windows 10, но мора да биде овозможена исклучиво преку опцијата File History, објаснува The Verge.