Instagram започна нова серија на мерки за подобрување на безбедноста. Компанијата ќе пушти нова функција во својата основна апликација која ќе им овозможи на корисниците поголема контрола над нивните лични податоци, пренесува Mashable. Луѓето сега ќе можат да контролираат кои надворешни апликации имаат пристап до нивните податоци и до кои податоци.
Функцијата е слична на онаа, која Facebook ја има веќе некое време. Кога корисникот ќе започне да користи нова апликација за прв пат со Instagram, ќе се појави нов прозорец, кој ќе побара дозвола и ќе опише кои информации ќе бидат собирани. Instagram ја илустрира употребата на една од многуте апликации за уредување фотографии со директна врска до социјалната мрежа.
Менито за поставки на Instagram ќе има нова секција од која корисникот ќе може да види список со сите апликации кои имаат пристап до неговиот / нејзиниот профил. Секој од нив ќе има посебно копче за да го запре пристапот. Функцијата исто така ќе покаже колку долго апликацијата е поврзана со сметката. Ќе почне да се активира постепено за корисниците и ќе биде достапна со следните ажурирања на Инстаграм.