СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Нови тизер за Huawei Mate X2 упатува на дизајнот на телефонот

Објавата на веб-страницата Weibo открива нов постер што Huawei го објави за својот претстоен флексибилен телефон Mate X2. Huawei Mate X2, според сите проценки, навистина ќе има дизајн со екранот свиткан навнатре, како што беше соопштено претходно.

Huawei се одлучи за овој дизајн за да спречи набори на екранот. Друга важна работа, што постерот ја открива, е кругот зад уредот. Huawei не споменува на што се однесува ова, но можно е паметниот телефон да има режим на лаптоп, за што, исто така, претходно се шпекулираше.

Во режим на лаптоп, еден дел од екранот ќе функционира како дисплеј, додека другиот ќе работи како тастатура. Се споменува дека телефонот ќе има поддршка и за паметно пенкало, што може дополнително да означи поддршка за режимот на лаптоп и дозволување на дисплејот да се прилагодува и да се користи под различни агли.

Објавата на страницата Weibo споменува дека флексибилниот дизајн не е најголемата карактеристика на телефонот. Не се споменува која е таа одлика, но можно е Huawei да објави нешто револуционерно.

Засега знаеме дека Huawei Mate X2 ќе користи чипсет 5nm Kirin 9000, што е потврдено од Huawei. Сертификацијата TENAA претходно откри 8.01-инчен главен дисплеј со резолуција од 2480 x 2200p и надворешен 6,45-инчен дисплеј со 2700 x 1160p резолуција. Ќе има 4 камери од 50MP + 16MP + 12MP + 8MP на задниот дел од телефонот.

Повеќе официјални информации за флексибилниот телефон Huawei Mate X2 ќе дознаеме наскоро, бидејќи презентацијата на уредот ќе се одржи во текот на следната недела.

Поврзани вести

Стриминг услугата GeForce Now веќе е достапна за Android

msp-admin

Harman L.I.V.E. ги носи концертите во автомобилот

Влатко Зорба

Viber го слави својот 10-ти роденден и им подари на корисниците нова опција

msp-admin