СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Официјален претставник на Microsoft ја објави првата фотографија креирана со Surface Duo

Претставен за прв пат минатата година, Microsoft Surface Duo ја претставува визијата на компанијата за тоа што телефонот би можел да направи, кога би бил во формат со два екрани.

Сега Панос Панај, директор за производи на Microsoft, ја објави првата фотографија креирана со Surface Duo телефонот. Бидејќи претходните информации не сугерираа за надворешна камера на телефонот, се верува дека фотографијата е креирана со внатрешната (селфи) камера.

Фотографијата беше закачена на Инстаграм, што значи дека популарниот сервис, исто така, применил многу компресија, а осветлувањето не е совршено со оглед дека фотографијата е креирана во затворено.

Microsoft сè уште планира да го објави Surface Duo за време на сезоната на празници во 2020 година. Sufrace Duo е уред со два дисплеи од 5,6 инчи, користи Android со интерфејс на Microsoft, а повеќето хардверски карактеристики сè уште се непознати.

Поврзани вести

Генијално решение за еден од најчестите проблеми денес – скршен екран на мобилен телефон

Никола Поповски

Huawei P40 Pro – 5 камери, батерија од графен и 120Hz дисплеј

msp-admin

Inseego и Net4 ги здружија силите за да испорачаат 5G решенија за приватните мрежи низ Европа

Stefanija Kuzmanovska