СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Paper Phone нè прави понезависни од паметниот телефон (ВИДЕО)

Неколку експериментални апликации на Google се обидуваат да ја намалат зависноста на потрошувачите од паметните телефони. Во моментов, Интернет-компанијата разви 6 вакви апликации.

Ако првите пет апликации беа наменети да ја ограничат употребата на паметниот телефон, последната – Paper Phone – тврди дека целосно ќе не оддели од паметниот телефон. Се појавува како најзабавна и најкорисна од сите.

Идејата зад Paper Phone е наједноставната можна: апликацијата нè повикува да создадеме печатена верзија на паметниот телефон, што е потврдено со видео објавено на YouTube во кое се претставува новиот софтвер.

Доволно е да ги изберете потребните елементи и да го испратите документот за печатење. На хартиената замена за вашиот паметен телефон може да се најдат мапите на Google, контакти, список созадачи, календар, време, игри и други информации што ќе ни требаат во текот на денот.

Накратко, идејата е да испечатите што ви треба и да го напуштите вашиот дом оставајќи го вашиот паметен телефон. Но, дали е ова навистина мотивирачко? .

Поврзани вести

Се појавија рендери на OnePlus 8 Pro (ВИДЕО)

msp-admin

Session – апликација за комуникација со високо ниво на приватност, добра замена за WhatsApp

Влатко Зорба

Хибриден камион на Daimler ќе поминува над 1.000 км со еден резервоар водород

Влатко Зорба