СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Претворете ги вашите фотографии во холограми со завидна леснотија (ВИДЕО)

Во последните неколку месеци, холограмите создадоа голема врева, но некако не го најдоа патот директно во срцата на потрошувачите.

Затоа, Looking Glass Factory реши да го направи реалност својот проект во kickstarter, нудејќи услуга заснована на облак, која секоја 2Д слика ја трансформира во холограм.

Корисниците мора да испратат слика, без оглед на видот или методот на фотографирање. Значи, дури и ако имате тајни мисли за „Жената чудо“, која позира холограмски во вашата спална соба – продолжете да читате. За да ја видите сликата, ќе ви треба посебен дисплеј наречен „Portrait“.

Услугата сè уште не е достапна, но нејзините креатори ветуваат дека ќе можеме да ја искористиме во април 2021 година. Објавената почетна цена ќе биде околу 20 американски долари, што ќе опфати конверзија на 100 слики. Меѓутоа, ако одлучите да ги поддржите со 250 долари во нивната кампања за собирање средства, десплејот Portrait и вашите први 20 реализации ќе бидат целосно бесплатни.

Кампањата нуди и други комплети, од кои некои се репродуцираат со холографски видеа. И, ако не можете да го направите вашиот избор, Looking Glass директно нуди комплет со кој ќе креирате неограничен број холограми. Вклучува Looking Glass Portrait, Microsoft Azure Kinect depth camera, Leap Motion controller и Looking Glass Light Field Photo Rail за околу 1099 американски долари.

Поврзани вести

iPhone 13 mini може да има различен систем со двојна камера

Влатко Зорба

Huawei постави светски рекорд за 5G брзина во Турција

msp-admin

Две нови Pokémon игри со премиера во Facebook

msp-admin