СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Првиот смартфон со Snapdragon 865 доаѓа од ZTE

Qualcomm го објави новиот чипсет Snapdragon 865 на почетокот на овој месец, а ние веќе сме сведоци на првиот уред што ќе се заснова на него. Се работи за ZTE Axon 10s Pro 5G кој ќе може да работи со 5G мрежи и во режимите NSA и SA.

Сепак, неговите безжични можности не застануваат тука, бидејќи моделот ќе понуди и конекција за WiFi 6. Исто така, ќе може да ги интегрира различните безжични мрежи – мобилни и Wi-Fi користејќи ја технологијата Link-Booster.

Сè уште не се познати сите параметри на паметниот телефон, но знаеме дека ќе вклучува најмалку 8 GB LPDDR5 RAM меморија, меморија за UFS 3.0 датотеки и батерија 4000 mAh со технологија за брзо полнење.

Во однос на софтверот, достапен е Android 10 со MiFavor 10 интерфејсот, а главната камера ќе биде тројна. Од споделените слики гледаме и присуство на заоблен екран.

Нема дополнителни детали за уредот во оваа фаза, вклучувајќи ја и очекуваната цена, но повеќе детали ќе има наскоро.

Поврзани вести

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар

msp-admin

Отстранета апликација за тајни забави во време на КОВИД-19 од App Store

Влатко Зорба

Новите уреди со Android и USB-C порта ќе треба да поддржуваат USB-PD

msp-admin