СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Се појавија рендери на OnePlus 8 Pro (ВИДЕО)

91mobiles и @OnLeaks споделија рендери на OnePlus 8 Pro што ни покажуваат како би изгледал идниот предводник на компанијата. Веднаш остава впечаток отворот во заоблениот дисплеј кој е наменет за предната камера, при што панелот се очекува да понуди стапка на освежување од 90Hz.

На задниот дел на уредот се издвојува делот со тројната главна камера, а веднаш до него е четвртиот сензор за 3D ToF, под кој ќе биде поставен блицот. Копчињата за хардвер за контрола на јачината на звукот се лево на куќиштето, а оддесно се оној за вклучување и лизгачот за активирање на тивок режим (Alert Slider).

Во долниот дел на конструкцијата се ставени USB Type-C порта и отвори за звучник, а во горниот дел е видлив само отвор за микрофон.

Димензиите на OnePlus 8 Pro се 165,3 x 74,4 x 8,8 мм, а дебелината кај делот со главната камера достигнува 10,8 мм.

Потсетуваме дека неодамна се појавија рендери и на OnePlus 8, кои исто така покажаа отвор во екранот за предната камера.

Поврзани вести

Можеме да ја „исчистиме“ нашата меморија, докажаа научниците

Влатко Зорба

Amazon развива метод за плаќање со дланка

msp-admin

Honor може да претстави телефон со флексибилен екран

Влатко Зорба