СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Следната година ќе видиме повеќе уреди со Harmony OS

Huawei планира да го користи новиот оперативен систем Harmony во голем број на свои производи следната година, насочувајќи се на домашниот и на меѓународниот пазар. Информациите доаѓаат од Ројтерс, кои го цитираат портпаролот на компанијата.

Во оваа фаза, сепак, нема планови за интегрирање на новата платформа во паметните телефони, таблети и компјутери. Првите производи со оперативниот систем беа неодамна претставените паметни телевизори Huawei Vision и Honor Vision. Следните уреди што ги очекуваме со оперативниот систем Harmony се паметни звучници, смарт часовници и уреди кои се поврзани со технологии за виртуелна реалност.

Кинезите го промовираа Harmony OS во август, решение што може да биде потенцијална алтернатива за Android, но тоа е малку веројатно да се случи во скоро време. Huawei повтори дека повеќе би сакале да користат Android на своите паметни телефони наместо да се обложуваат на алтернативна платформа.

Поврзани вести

САД со вештачка интилигенција го автоматизираат управувањето со дроновите

Влатко Зорба

Apple ја купува апликацијата за временски услови Dark Sky

msp-admin

Huawei развива смартфон со селфи камера под дисплејот и рамка околу екранот што прикажува известувања

Влатко Зорба