СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Новиот смартфон на Apple од „ниска класа“ би можел да се нарекува iPhone 9

Веќе некое време знаеме дека Apple се подготвува да лансира нов паметен телефон од „ниска класа“ во пролетта следната година, а според достапните информации за дизајн, iPhone SE 2 ќе изгледа многу како iPhone 8. Сега, сепак, новите податоци од извори на јапонскиот блог „Macotakara“ сугерираат дека моделот всушност може да се нарекува iPhone 9.

Дури и ако се користи името на iPhone 9, дизајнот нема да биде поинаков од оној на iPhone 8. Ќе има промени во хардверот, кој ќе се заснова на новиот чипсет A13 Bionic и 3 GB RAM меморија. Уредот ќе понуди LCD дисплеј од 4,7-инчи и главно копче со интегриран сензор за отпечатоци.

Неговата цена веројатно ќе биде 399 долари и ќе доаѓа во сребрена, црвена и црна (Space Gray) боја.

Веќе има гласини дека во 2021 година, компанијата од Купертино ќе пушти уште еден модел во серијата – iPhone SE 2 Plus (iPhone 9 Plus) кој ќе биде со поголем дисплеј.

Поврзани вести

Huawei најавува надградба на EMUI верзијата 10.1 на најпопуларните уреди

msp-admin

Android 10 навлегува побрзо од претходните верзии

msp-admin

Sony претстави телевизори со когнитивен процесор

Влатко Зорба