СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Смартфонот со екран на преклопување на Apple може да се појави во 2023 година

Неодамна, сведоци сме на се повеќе докази дека Apple развива паметен телефон со екран на преклопување. Во меѓувреме, аналитичарот Минг-Чи Куо сподели податоци за плановите на компанијата во врска со ова.

Според него, уредот ќе има екран со дијагонала помеѓу 7,5 и 8 инчи и ќе се појави во 2023 година. Сепак ова е предвидено под услов да се решат проблемите поврзани со масовното производство и клучната технологија. Податоците на Куо покажуваат дека проектот сè уште не е официјално започнат и најверојатно е во многу рана фаза на развој.

Во меѓувреме, исто така, од аналитичарот дознавме дека некои смартфони на Apple може да имаат слот за селфи камера следната година. Покрај тоа, Куо очекува барем еден од врвните модели во 2023 година да понуди вградени сензори за отпечатоци, па дури и телефото-камера со перископ механизам.

Друга интересна прогноза на аналитичарот е дека во 2023 година компанијата ќе го претстави својот прв iPhone без слот или дупка на екранот. Ова е предвидено доколку развојот на потребните технологии се одвива непречено.

Поврзани вести

iPhone 5 ќе престане да работи, освен ако не инсталирате iOS 10.3.4 пред 3 ноември

msp-admin

Гугл знае многу повеќе од вас отколку што очекувате

msp-admin

Google планира построга заштита од следење во Android

Влатко Зорба