СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

За експресниот пат Штип – Кочани инвестирано 37,3 милиони евра

Оваа Влада покажа како треба де се гради во државата и тоа најубаво може да види преку изградба на експресните патишта во Источниот дел на земјата. Изградбата на експресниот пат Штип-Кочани па и експресниот пат од Штип до Радовиш е пример како треба да се реализираат капиталните инвестиции во државата, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми како и градоначалниците на општините Штип, Кочани, Карбинци и Чешиново Облешево, денеска извршија увид во изградба на втората фаза од експресниот пат Штип-Кочани, делница Крупиште – Кочани.

„Овој дел од експреснот пат е со должина од 13,7 километри а инвестицијата е со вредност од 18,2 милиони евра. Или вкупната должина на експресниот пат од Штип до Кочани е 28 километри за што инвестираме 37,3 милиони евра. Задоволни сме од фактот што граѓаните веќе ја возат првата делница од Три чешми до Крупиште, по нов, модерен и безбеден пат. Со изградбата на овој експресен пат создаваме брза патна врска меѓу Источниот и централниот дел на државата, отвораме можност за влез на нови инвеститори, за зголемување на работните места но и подобра комуникација меѓу граѓаните’’, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски

Изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени заради брз економски развој на овој регион, но и на цела држава, потенцираше министерот.

„Истокот повеќе не е слепо црево, речиси и да нема патна врска која не е рехабилитирана во овој период. Кога сме веќе тука, со директорот сакам да најавиме дека во завршна фаза е рехабилитацијата и на патниот правец од Пробиштип до Крупиште,’’ изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, истакна дека патот се очекува да биде завршен до крај на оваа година.

„Вкупната ширина на експресниот пат е 11,4 метри, со две сообраќајни ленти од по 3,5 метри, две ленти за принудно застанување од по 2 метри и две рабни ленти од по 0,20 метри. Што значи дека овој патен правец ќе има четири ленти, по две коловозни и две ленти за застанување. Овој нов патен правец започнува кај месноста Три чешми во Штип и се надоврзува на веќе завршениот автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип. Идната максимална брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час’’ изјави директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

Со изградбата на овој експресен пат се создава брза патна врска меѓу Источниот и централниот дел на државата. Првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште е изгардена и веќе пуштена во сообраќај.

Поврзани вести

Јовановска: Се бараат работници во производството и услужните дејности, 800 компании направија нови вработувања

Берта Китинска

СИНДИКАЛЕН МАРШ за 1.мај под мотото „ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ!“

Влатко Зорба

САСА ќе продолжи да вложува над 300.000 долари годишно во развојот на заедницата

Влатко Зорба