СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Sony претстави телевизори со когнитивен процесор

Пред неколку месеци, Sony објави нова линија на Sony Bravia XR телевизори за 2021 година, која вклучува OLED и LCD модели. Неколку премиум телевизори исто така ќе го користат когнитивниот процесор XR, кој се обидува да го имитира начинот на кој мозокот обработува слика, со оптимизирање на најважните зони на секој фрејм.

Сега започнува испораката на овие телевизори на пазарот, вклучувајќи ја и 65-инчната Bravia XR Master Series A90J OLED која го имплементира новиот чипсет. Неверојатни нивоа на црна боја на OLED панелот, како и напредната AI обработка, нема да бидат достапни по прифатлива цена. Bravia XR Master Series A90J има почетна цена од 3999 американски долари. Моделот од 55 инчи е нешто поевтин и чини 2.998 долари.

Оние кои не сакаат OLED, имаат поевтини LCD-телевизори во рамките на X80J линијата. Овие телевизори користат стандарден процесор на Sony, имаат 4K поддршка, Android TV и Bravia Core стриминг услуга. Моделот со 55 инчи чини 950 долари, додека варијантата од 65 инчи е со цена од 1,149 долари.

Поврзани вести

Intel измисли ново ладење за лаптопи

msp-admin

WhatsApp конечно би можел да ги добие двете опции што ги чекаме

Влатко Зорба

Корона апликацијата нема да ги чува Џи-Пи-Ес податоците

msp-admin