СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Употребата на Skype се зголеми за 70 проценти, акциите во комуникацискиот сектор растат

Апликацијата за видео повици Skype стана една од платформите чија употреба се зголеми за 70 проценти од почетокот на пандемијата на коронавирус и ја користат 40 милиони луѓе во последниот месец, објави Мајкрософт.

Споредено со времето пред да се активира пандемијата на коронавирус, бројот на минути поминати на видео-повици на Skype се зголеми за 220 проценти.

Вредноста на акциите во компаниите за видео комуникации и неколку компании за видео игри се зголеми во последниве денови, бидејќи се очекува милиони да поминат денови, можеби и месеци, во домашна изолација.

Поврзани вести

„Спот“ станува сѐ попаметен (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Messenger станува недостапен без сметка во Facebook

msp-admin

Instagram и TikTok стануваат минато: Нова социјална мрежа расте побрзо од YouTube

msp-admin