СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Уред помага да се одржува социјална дистанца

Од почетокот на пандемијата постојано слушаме колку е важно да се одржува социјална дистанца со цел да се спречи ширење на коронавирусот. Но, постојат многу компании со голем број вработени, па за да не се загрози нивното здравје, развиен е уред што ги потсетува да држат социјална дистанца, а ако некој го прекрши правилото, веднаш се вклучува аларм.

Станува збор за Safe Spacer што може да се носи како часовник, на ремен или како приврзок за клучеви. На тој начин, на работници им се остава простор да ги извршуваат задачите без прекин, а притоа да бидат безбедни и сигурни дека ја држат потребната дистанца.

Доколку некој работник на колегата му се доближи поблизу од два метра, тогаш Safe Safer ќе почне да вибрира, да се вклучи црвено светли и ќе се активира аудио порака за предупредување.

Уредот може да се користи во објекти и компании како што се фабрики, магацини, канцеларии, училишта, болници, трговски центри, музеи, хотели…

Во претпродажба, цената на Safe Spacer e 85 евра.

Поврзани вести

Redmi Note 8 веќе продаде над 10 милиони уреди

msp-admin

Брисел објави војна на злоупотребите на вештачката интелигенција

Влатко Зорба

Фејсбук: Уште едно големо истекување на податоци

Влатко Зорба