СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung ја патентираше трговската марка SAMOLED за дисплејот на Galaxy S11

Samsung веќе напорно работи на својот следен предводник на пазарот на паметни телефони, откако Samsung Galaxy S11 ќе биде промовиран на 18 февруари 2020 година. На овој начин, Samsung ќе се обиде да ја зголеми конкуренцијата во индустријата уште од првите недели од новата година. Сега разбравме дека компанијата ја регистрирала трговската марка „SAMOLED“ во своето име во Корејската канцеларија за интелектуална сопственост, пренесува gsmarena.

Податоците откриваат дека SAMOLED е поврзан со новата генерација на екрани за паметни телефони. Сосема е логично Samsung Galaxy S11 да биде првиот уред што има панел со новата марка. Сè уште немаме информации дали дисплеите со името SAMOLED ќе користат различна технологија на производство. Компанијата веројатно сака да ги разликува од панелите Super AMOLED, кои исто така се заштитен знак во сопственост на Samsung.

Ве потсетуваме дека Samsung Galaxy S10 користи Dynamic AMOLED дисплеј кој има густина на пиксели од 526ppi. Всушност, тоа е OLED екран кој поддржува видео HDR10 +. Според непотврдени официјални информации, Samsung Galaxy S11 повторно ќе има мал отвор за предната камера на дисплејот. Новиот дисплеј се очекува да го продолжи времето на работа со едно полнење.

Поврзани вести

Првиот флексибилен лаптоп Lenovo ThinkPad X1 Fold ќе се продава за 2.499 долари

msp-admin

Samsung подготвува неколку подароци со серијата Galaxy S21

Влатко Зорба

Android R се појави во Geekbench

msp-admin