СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Viber со нова функционалност за организирање на задачи

Популарната апликација за комуникации Viber објави дека додава нова функционалност што ќе им овозможи на корисниците да ги организираат своите задачи без да излегуваат од апликацијата.

Додатокот се нарекува My notes („Мои белешки“) и е достапен преку списокот за разговори, а неговите можности вклучуваат создавање списоци со задачи и бришење по завршувањето, зачувување на омилени пораки, видеа, фотографии и налепници и синхронизација преку уреди и наскоро се очекува потсетник за најважните задачи на денот.

Ние сè уште не можеме да ја најдеме новата опција во Android апликацијата, но прашање на време е кога ќе се појави таму.

Поврзани вести

Следниот iPad Pro со Mini-LED дисплеј може да дојде во март

Влатко Зорба

Morpheus – процесор кој не може да биде хакиран

Влатко Зорба

Sony претстави телевизори со когнитивен процесор

Влатко Зорба