СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple го отстрани проблемот со агресивно затворање на iOS апликации

Неодамна објавивме за непријатна грешка во iOS 13.2 што влијаеше на многу корисници. Станува збор за агресивно затворање на апликации во позадина, што предизвикува проблем со функционирањето на опцијата за мултитаскинг.

За решавање на ова, Apple започна со дистрибуција на iOS 13.2.2 на сопствениците на iPhone и iPod touch. Ажурирањето го прилагодува системот за управување со RAM меморијата и ги отстранува засегнатите грешки.

Другите промени вклучуваат и проблеми со поврзување на мобилна мрежа. Некои уреди се чини дека го губат сигналот привремено по завршувањето на повикот, а понекогаш се губи и пристапот до мобилни податоци.

Во меѓувреме, компанијата претходно објави iOS 13.2.1, кој е насочен исклучиво на звучникот HomePod, откако со верзијата 13.2 беа блокирани некои уреди.

Оваа недела, компанијата од Купертино ја објави и првата бета верзија за развивачите на iOS 13.3, во која се очекува да се додаде и „Screen Time“ опцијата за ограничување.

Поврзани вести

Фејсбук сака да го „убие“ ајФон, а Закерберг откри и како планираат да го сторат тоа

msp-admin

Твитер размислува да додаде реакции на објавите во форма на емоџи

Влатко Зорба

HP додава 5G можности на Elite Dragonfly

msp-admin