СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

WhatsApp воведува нов режим – исчезнување на пораки

Сега на WhatsApp можете да поставите пораките да исчезнуваат по некое време, но мора да го сторите тоа за секој разговор одделно.

Facebook сега сака да создаде режим на исчезнување на оваа платформа што ќе можете да го вклучите за секој разговор, без некои посебни поставки.

Опцијата ќе биде во поставките за приватност и откако ќе ја поставите, можете да ја користите секогаш кога ќе се допишувате.

Исчезнувањето на пораката беше воведено во 2020 година и можете да поставите пораки да исчезнуваат по седум дена.

Новата опција носи пораки што исчезнуваат по 24 часа.

Оваа информација ја пренесе „WABetainfo“, каде се наведува дека WhatsApp ја тестира оваа опција и ќе се вика „Dissapearing mode“.

Поврзани вести

Роботот Софија создаде дело кое се продаде за 688.888 долари

Влатко Зорба

Дигиталната телепортација има потенцијал да го промени светот

msp-admin

HP додава 5G можности на Elite Dragonfly

msp-admin