СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Zoom енкрипција „од крај до крај“ за сите корисници

Откако беше објавено дека на корисниците кои ја користат бесплатната верзија на апликацијата Zoom нема да им биде понудено криптирање „од крај до крај“ (end-to-end), од компанијата велат дека сите оние кои ја користат својата апликација сепак ќе можат да користат AES256 GCM заштита. Компанијата тврди дека се обидува да ја балансира безбедноста со можноста да ги принуди оние што го користат овој софтвер за нелегални цели да престанат да го прават тоа. Тие велат дека пронашле начин да ја постигнат таа цел.

Zoom посочува дека тие презеле информации од невладини тела, експерти за безбедност и од владата, со цел да формираат стратегија за решавање на проблемот. Тие најавија дека сите корисници ќе треба да поминат низ еднократна проверка на сметка, за да овозможат криптирање. Стандардно, ќе се користи шифрирање AES256 GCM. Сè уште не е јасно дали ќе бидат достапни различни протоколи или не.

Некои уреди и хардвер можат да предизвикаат проблеми кога станува збор за енкрипција „од крај до крај“, како што се PSTN и SIP телефони за конференции, така што корисниците ќе можат да го исклучат криптирањето по потреба. Еднократната верификација се чини како малтретирање што корисникот треба да го помине, но цената е мала ако се земе во предвид дека тие ќе добијат безбедни разговори и состаноци заради тоа.

Поврзани вести

По грешка наместо едно нарaчал 27 возила „Тесла Модел 3“, па добил сметка од 1,4 милиони евра

msp-admin

Samsung ја патентираше трговската марка SAMOLED за дисплејот на Galaxy S11

msp-admin

Кина го забранува ултра-брзото безжично полнење

Влатко Зорба