СТАНДАРД life
Здравје

10 употреби на контрацептивни таблети, кои немаат врска со заштита од бременост

Кога ќе го слушнете прашањето „За што се користат апчиња за контрацепција?, вашата прва мисла е веројатно да спречите бременост. Иако ова е нивната главна цел, апчињата можете да ги користите и од други причини.

– Контрацептивните таблети се таблети кои се пијат секојдневно и содржат хормони – вели Слоан Ша, гинеколог од клиниката „Саут Бенд“.

– Сите орални контрацептиви имаат прогестерон, а некои, наречени комбинирани таблети, имаат прогестерон плус естроген – додаде Ша и истакнува дека сите имаат една цел – да ја запрат или да ја намалат овулацијата.

Пилулата исто така може да се справи со хормоналната нерамнотежа.

– Ги нарекуваме контрацептивни таблети, но често ги користиме како хормонски таблети – вели Раџ Вито Ша, исто така гинеколог во клиниката „Саут Бенд“. Хормоните кај жените се контролирани од хипофизата, тироидната жлезда, надбубрежните жлезди и јајниците, а доколку некој од нив не функционира добро, може да дојде до нерамнотежа.

– Овие хормонски таблети можат да го совладаат телото на жената, така што секој ден и во текот на месецот добивате одредена количина на естроген и прогестерон, што може да помогне да се изедначи нивото на хормонот – објаснува д-р Вито Ша.

– Оралните контрацептиви се генерално безбедни, со минимални ризици, но ако имате висок крвен притисок, мигрена, историја на згрутчување на крвта или сте пушач, задолжително проверете со вашиот лекар пред да ја земете таблетата. Повеќето луѓе еднаш годишно треба да направат некаков медицински преглед, без разлика дали се работи за гинеколог, медицинска сестра или акушерка, особено ако има нуспојави или работи поврзани со употребата на пилулата кои не се онакви какви што очекувате – вели др. Слоан Ша, пренесува womenshealthmag.

Еве неколку други употреби на контрацептивни таблети, кои немаат никаква врска со заштитата од бременост:

1. Помага при предменструален синдром (ПМС).

2. Може да ја направи ендометриозата поднослива.

3. Може да го намали отокот на крвта за време на циклусот.

4. Може да ги регулира мозолчињата.

5. Може да го намали ризикот од рак на јајниците.

6. Може да заштити од инфламаторни заболувања на карлицата.

7. Може да помогне при синдром на полицистични јајници.

8. Може да ви помогне да се разладите за време на перименопаузата.

9. Може да ве одржува здрави за време на сезоната на грип.

10. Може да ја намали мигрената.

Поврзани вести

„Грицкањето“ меѓу оброците не е секогаш лошо, но треба да внимавате на две работи

Urednik

Висок крвен притисок и алкохол: Кој е загрозен, какви се последиците и дали има некакви придобивки?

Urednik

4-те зеленчуци кои имаат најмногу антиоксиданси

Radmila Tasevska