СТАНДАРД life
Здравје

5 намирници кои треба да ги јадете веднаш: Немаат долг рок на траење дури ни во фрижидер

И самите знаете дека има намирници кои не треба да се оставаат долго отворени или надвор од фрижидер или замрзнувач. Сето тоа е за наша безбедност, бидејќи претежно оваа храна е подложна на ешерихија коли, салмонела, листерија и други бактерии.

Затоа овие пет намирници се на врвот на листата на расипливи намирници и треба да се јадат речиси веднаш.

Тврдо варени јајца

Не лупете тврдо варени јајца ако не сакате веднаш да ги јадете, туку ставете ги на страна или во фрижидер, пишува „Дејли мејл“. Според американското Министерство за земјоделство (USDA), лушпите од јајцата делуваат како заштитна обвивка за одбивање бактерии. Кога ќе се отстрани тој слој, бактериите можат брзо да навлезат во порите на јајцето и да го контаминираат. Докажано е дека листеријата ги напаѓа тврдо варените јајца кои биле излупени. Симптомите се јавуваат седум до еден месец по консумирањето и вклучуваат главоболка, болки во мускулите и треска. Ако одлучите да ги ставите во фрижидер, направете го тоа со цела лушпа и можете да ги чувате до седум дена.

Мелено месо

Свежо меленото месо кое штотуку сте го купиле може да остане во фрижидер најмногу два дена, а после тоа може да се расипе. Поради високото ниво на влажност, поверојатно е дека ќе привлече бактерии во фрижидерот, па ако ви треба само за неколку дена, подобро е да го ставите во замрзнувач. Ова може да ви даде ешерихија коли и салмонела. Ешерихија коли може да вклучува стомачни грчеви, крвава столица и повраќање.

Диња

Иако сега не е нејзино време, подобро дознајте сега како да се справите со неа кога ќе дојде нејзината сезона. Експертот за безбедност на храна од Универзитетот во Бостон, Дарин Детвилер, вели дека „дињата никогаш не треба да се чува во фрижидер два дена бидејќи може брзо да развие салмонела и листерија“. Затоа треба да ја јадете веднаш штом ќе ја пресечете. И дополнителен совет, не купувајте преполовена или претходно исечена диња на пазар или во маркет. Симптомите на салмонела може да вклучуваат дијареа, грчеви во стомакот или треска во рок од 12 до 72 часа по конзумирање на загадена храна.

Сирово пилешко

Ако сте купиле пилешко и сте го заборавиле неколку дена, голема е веројатноста дека веќе е расипано. Сировото пилешко може да се чува во фрижидер само еден до два дена пред да се расипе. Живината е особено склона кон салмонела бидејќи е помалку густа од црвеното месо како говедското, што го олеснува навлегувањето на бактериите внатре. Кога пилешкото се расипува, има тенденција да добие сиво-зелена боја и може да се појават мувлосани дамки, што укажува на бактерии. И не го плакнете бидејќи нема да ги елиминирате бактериите. Кога станува збор за замрзнувач, тоа може да остане и до девет месеци пред да истече рокот.

Варен ориз

Додека „свежиот“ ориз може да трае со месеци на кујнска полица или во фиока, варениот ориз може да издржи само еден ден во фрижидер пред да се расипе. Тоа е затоа што е склон кон бактеријата Bacillus cereus која најчесто се наоѓа во сирова и непреработена храна како што се компирите, грашокот, гравот и одредени зачини. Симптомите на Bacillus cereus може да вклучуваат повраќање, дијареа и стомачни грчеви.

Дали веќе ќе ги имплементирате овие препораки?

Поврзани вести

Што се случува со нашето тело ако престанеме да јадеме шеќер 7 дена?

Urednik

Колку навистина е неопходно да внесувате ВОДА во текот на денот, за да го одржите телото ХИДРИРАНО?

Urednik

Бактерија во јогуртот го намалува стресот и помага во спречување на депресија и анксиозност

Urednik