СТАНДАРД life
Здравје

Еве колку чаши вода всушност треба да пиеме на ден

Повеќето луѓе не пијат доволно вода. Иако не е добро, голема грешка е и да претерате со водата. Ешли Самерс почина од труење со вода, откако испила околу два литра вода за само 20 минути.

Според д-р Марјан Могадам, лекар за семејна медицина, недоволното внесување вода може да предизвика главоболки, запек, замор, сува кожа и сува уста.

„Понекогаш луѓето погрешно ја сметаат жедта со глад и јадат повеќе, но всушност само треба да пијат повеќе“, тврди докторот.

По бојата на урината, можеме да кажеме дали пиеме доволно вода. Healthline наведува дека здравата урина има светложолта боја. Ако е темножолта, не внесуваме доволно течност.

Колку вода треба да пиеме на ден?

Општото упатство е дека ни требаат шест до осум чаши вода дневно, вклучувајќи чај и кафе. Но, диететичарката Ејми Гудсон за New York Post го тврди спротивното.

„Точно е дека многу фактори влијаат на тоа колку вода ви треба, вклучувајќи ја вашата возраст, пол, ниво на активност и целокупното здравје. За жените, вкупната количина на вода е околу 11,5 чаши дневно, а за мажите околу 15,5 чаши. Сепак, овие проценки вклучуваат течности што се консумираат од храна и пијалаци. На жените им требаат околу девет чаши течност дневно, а на мажите околу 13 чаши за да ја заменат количината на изгубена вода“, рече Гудсон.

Поврзани вести

3 златни правила за живеење со висок крвен притисок кои вреди да се применат

Urednik

Пушењето за време на бременоста е многу поштетно за бебето отколку што се мислеше, но што е со кофеинот?

Urednik

Едноставни совети за подобра хигиена: Што треба редовно да применувате, а што не

Urednik