Татјана Шлосберг, внука на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, откри дека ѝ е дијагностицирана терминална форма на леукемија и дека лекарите не можат да ѝ ветат повеќе од една година живот. Во емотивна исповед за „Њујоркер“, 35-годишната новинарка ги опиша своите борби, стравови и трагедијата што повторно го погодува семејството Кенеди.
Татјана Шлосберг, 35-годишна новинарка и внука на претседателот Џон Ф. Кенеди, во есеј за „Њујоркер“ објави дека боледува од терминален рак на крвта. Како што наведува, лекарите ѝ рекле дека можат да ѝ го продолжат животот за најмногу една година.
View this post on Instagram
Дијагнозата е поставена минатата година: акутна миелоидна леукемија со ретка генетска абнормалност наречена инверзија 3, присутна кај помалку од два проценти од случаите на АМЛ. Болеста е откриена кратко откако го родила своето второ дете во мај 2024 година.
Таа напишала дека првичната дијагноза ја дочекала со неверица: „Воопшто не можев да верувам дека зборуваат за мене“. Претходниот ден, кога бев деветти месец бремена, испливав еден километар во базенот. Не бев болна. Не се чувствував болно. Бев една од најздравите личности што ги познавам.“
Таа ги опишала и исцрпувачките месеци лекување што следувале – повеќе циклуси хемотерапија, две трансплантации на коскена срцевина и учество во две клинички испитувања. Во септември, таа се заразила и со тешкиот вирус Епштајн-Бар, кој, како што пишува, сериозно ги оштетил нејзините бубрези, па морала повторно да учи да оди.
View this post on Instagram
Во текот на последното клиничко испитување, лекарот ѝ рекол дека може да ја одржи во живот „можеби една година“, што отворено го изјавила во текстот.
Татјана Шлосберг е втората ќерка на Каролин Кенеди и дизајнерот Едвин Шлосберг. Таа има тригодишен син и едногодишна ќерка со сопругот Џорџ Моран. Она што најмногу ја загрижува е тоа што можеби нема да може да ги гледа своите деца како растат, а во најтешките моменти се потпира на помошта на својот брат Џек и сестрата Роза.
Таа истакнала дека нејзиното семејство ѝ е поддршка, но и дека нејзините најблиски се обидуваат да ја сокријат сопствената тага за да ја заштитат.
„Тие ме држат за рака без двоумење, криејќи ги своите емоции за дополнително да не ме оптоваруваат“, напишала Татјана.
Во есејот се осврнува и поширокиот политички контекст. Додека таа се лекувала, нејзиниот прв братучед Роберт Ф. Кенеди помладиот беше потврден за минстер за здравство на САД откако се кандидираше како независен кандидат во претседателската трка. Шлосберг наведува дека тој период бил дополнително стресен за неа, бидејќи се чувствувала разочарана од неговите јавни настапи.
Таа била загрижена и од одлуката на администрацијата на Доналд Трамп привремено да се укине федералното финансирање на Колумбија, болницата во којашто се лекувала, што предизвикало неизвесност кај медицинските тимови.
„Одеднаш, здравствениот систем на кој се потпирам изгледаше напукнат, несигурен“, напишала таа.
