СТАНДАРД life
Здравје

Исчистете го телото од никотин со помош на овие намирници

Кога ги оставате цигари потребно е време организмот да се исчисти од годините на пушење.

Брз и здрав начин за пушачите да го исчистат телото од никотин е да јадат што е можно повеќе здрави намирници.

Зелен чај

Со пушењето телото ја губи потребната течност и организмот многу побрзо доаѓа до состојба на дехидратација. Пиење голема количина домашна витаминска вода: два литри вода со лажичка рендан ѓумбир, една краставица, лимон и 12 лисја нане, и зелениот чај полн со антиоксиданти го чисти никотинот од телото.

Морков

Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од овие грди несакани ефекти од пушењето јадете што повеќе моркови. Тие содржат големи количини на витамини А, К, Ц и Б кои се главни чистачи на телото. Морковот исцедете го во соковник измешан со јаболко и лимон или ставете го во салата.

Спанаќ

Фолната киселина е многу важна за нормална работа на телото и развој на телото, но исто така му помага на телото да се ослободи од никотин. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.

Брокула, прокељ и зелка

Освен што овие зеленчуци содржат полифеноли кои се покажаа корисни во намалувањето на разни воспаленија во дигестивниот систем, исто така содржат и антиоксиданти кои го чистат организмот од бројни токсини. Гответе ги колку што е можно пократко за да ги зачувате сите нивни квалитети.

Киви, лимон и портокал

Покрај водата, никотинот од телото ги елиминира и витамините А, Ц и Е кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организмот да се бори против разни инфекции и бактерии. За да ги надоместите изгубените витамини посегнете по киви или пак испијте чаша лимонада. Сокот од портокал го хидрира телото, му ги обезбедува потребните витамини, но и го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додадете малку вода и пијте помеѓу оброците.

Поврзани вести

Кикириките и оревите штитат од прерана смрт

Radmila Tasevska

Три корисни совети за вашето ЗДРАВЈЕ доколку работите од дома

Radmila Tasevska

Кога да го испиете последното кафе за да се наспиете добро

Urednik