СТАНДАРД life
Здравје

Како да го “подигнете“ организамот по долгата забавна ноќ

Скари, долги денови на плажа, свадби, излети и сето тоа под топлото и незаменливо сонце. Ова се само дел од работите кои го прават летото омилена сезона на сите генерации.

Од оваа причина, некако не ни се прибира рано-рано и обично го заменуваме здравиот и убав сон за уште неколку ладни коктела.

Резултатот често се неверојатни спомени … и дехидрација со отекување на лицето. Несаканите ефекти не се отстрануваат лесно, особено ако се последица од неправилен начин на живот некое време. Да речеме целата летна сезона.

Превентивните мерки кои може да се практикуваат до 24 часа пред настанот се да ги намалите кофеинот и солта, да консумирате главно лиснат зеленчук и многу вода.

Ако не успеете, ви претставуваме трикови кои ќе ви помогнат по долгата забава.

1. Повеќе перници

Можеби во моментов е малку доцна за тоа, но имајте го предвид следниот пат кога се забавувате до подоцна. Пред да си легнете, ставете уште една перница или свиткајте крпа – висината ќе ја помогне вистинската циркулација на крвта.

2. Вода со лимон

Започнете го денот со чаша топла вода со лимон. Оваа комбинација е природен диуретик и има лаксативно дејство. Додавањето на неколку парчиња лимон во чаша ќе го намали количеството задржана вода во организмот, што е главен виновник за подуеноста. Познато е дека водата со лимон е природното средство „виновно“ за расчистување на токсините од телото.

3. Краставица

Краставицата се бори со подуеноста под очите и кожата, бидејќи одделува антиоксиданс кој помага за намалување на отоците. Поставете два парчиња на очите за 10 минути и консумирајте по една краставица на ден.

4. Чај од ѓумбир

Ѓумбирот е познат по својот природен против-воспалителен ефект и успешното стимулирање на варењето. Во една чаша додадете парче излупен ѓумбир и залејте со топла вода. Оставете да се излади и пијте бавно.

5. Чај со нане

Маслата во нането ублажуваат речиси секакви грчеви во гастроинтестиналниот тракт и го овозможуваат падот на стомакот по отокот. Покрај тоа, не треба да се занемаруваат и неговите подмладувачки својства кои се незаменлив помошник при дехидрација и оток на кожата.

Поврзани вести

Што се случува со вашето тело кога јадете банани секој ден?

Radmila Tasevska

Што може бојата на забите да открие за вашето здравје?

Radmila Tasevska

Зошто треба да јадеме банани: Новите научни сознанија го поддржуваат ова егзотично овошје

Urednik