СТАНДАРД life
Фото: WIkimedia Commons
ЗдравјеТЕХНОЛОГИЈА

Кинезите на чекор до „лек против стареење“: Ќе можеме да живееме до 150 години!

Ретко кој доживува стоти роденден, но како би реагирале ако некој ви каже дека луѓето ќе можат да живеат 150 години? Дали би биле среќни или разочарани од таа вест?

„Животот до 150 години е дефинитивно реален“, убеден е главниот технолог на компанијата, Љу Кјингхуа, кој веќе развива таблети против стареење базирани на соединение од екстракт од семки од грозје. „За неколку години тоа ќе биде реалност“, тврди тој, пренесува „Њујорк тајмс“.

Иако е скептичен кон идејата дека медицината ќе ја победи смртта, тој сепак верува дека долговечноста навистина може да се постигне. Потрагата по еликсирот за животот, која во последниве години со ентузијазам ја прифатија американските милијардери, во Кина тграе повеќе од два милениума, пишува истиот извор.

Сѐ започнало со првиот цар, Кјин Ши Хуанг, кој трагал по напивки кои би го спасиле од смртта, па дури наредил и да се ангажираат војници да го чуваат кога ќе умре. Императорот на крајот починал на 49-годишна возраст, а низ историјата Кина сакаше да го надмине Западот со долговечност со инвестирање милијарди во истражувања и комерцијални проекти. Просечниот животен век во Кина е 79 години, што е пократко од Јапонија, каде што луѓето живеат просечно 85 години.

Но, се чини дека дури и денес Кинезите би сакале нивните службеници да живеат подолго – или тие самите би го сакале тоа. Видеото, кое брзо беше отстрането од кинеските цензори, фалеше една кинеска болница дека спроведува уникатен проект кој има за цел да го продолжи животниот век на високите службеници на 150 години, објави „Њујорк тајмс“.

Во видеото се наведува: „Просечниот животен век на кинеските лидери е далеку подолг од оној на лидерите во развиените земји“, наведувајќи ја децениската работа на болницата за одржување во живот на лидери како што се Мао Це Тунг, кој почина во 1976 година на 82-годишна возраст и Денг Ксјаопинг, кој почина во 1997 година на 93-годишна возраст. Чувствителна на секоја дискусија за здравјето на лидерите, кинеската државна телевизија, која несвесно сними разговор меѓу двајцата лидери пред воената парада во Пекинг во септември, им нареди на западните новински агенции да го избришат снимката, наведуваат.

Идејата за вечен живот е сè уште само маркетиншка алатка, но веќе постои инвестициски фонд во Сингапур фокусиран на проекти за долговечност, а кој го води младиот претприемач Бојанг Ванг. Тој ги истражувал можностите за заработка во печатењето органи и „замена на целото тело“.

Кина, рекол американскиот лекар Дејвид Барзилаи, зазема сè посериозен пристап кон долговечноста и биологијата на стареењето на сите нивоа. Но, тој додал дека „научната намера не гарантира веднаш постојано висока успешност. Предизвикот не е само да се работи повеќе, туку да се работи подобро“, рекол тој, а пренесува „Њујорк тајмс“.

Покрај тоа, во Кина има стартапи за долговечност. Еден од нив тврди дека изолирал молекули кои им штетат на здравите клетки – и пронашол начин да ги инкорпорира во капсули со висока концентрација.

Главниот технолошки директор во кинеската компанија „Лонви биосајенсиз“ во Шенжен, Лиу Кингхуа, изјавил дека благодарение на резултатите од најновите истражувања, во наредните годни никој нема да страда од рак, а живеењето до 150 години ќе стане реалност.

„Живеењето до 150 години е дефинитивно остварлива цел. За неколку години тоа ќе биде реалност. За пет до 10 години никој нема да заболи од рак“, рекол Кингхуа, пренесува „Њујорк тајмс“.

Нивниот оптимизам се темели на развојот на нов лек кој покажа импресивни резултати во лабораториските студии, а компанијата на чело со Кингхуа тврди дека има изолирано молекули „способни да убиваат зомби клетки“, и клетки кои стареат и не умираат и не им штетат на здравите клетки, како и дека пронашле начин да произведуваат капсули со високи концентрации на овие молекули.

„Ова не е само уште една таблета. Тоа е Светиот грал“, рекол извршниот директор на „Лонви виосајенсиз“, Ип Зуо, кој е познат под псевдонимот Зико.

Компанијата верува дека нејзините таблети, во комбинација со здравиот начин на живот и квалитетната здравствена нега, можат да им помогнат на луѓето да живеат од 100 до 120 години.

Дејвид Фурман, вонреден професор на Институтот Бак, биомедицински истражувачки центар во Калифорнија кој го проучува стареењето, рекол дека кинеските апчиња „изгледаат ветувачки“, но дека треба да се тестираат во големи клинички испитувања.

Кинеските компании се во првите редови на истражувањата за запирање на стареењето, а покрај екстрактот од семки од грозје, компаниите се фокусираат и на бобинки гоџи, криогени и хипербарични комори и други уреди.

Компанијата „Лонви биосајенсиз“, со седиште во јужниот кинески град Шенжен, развила таблети против стареење базирани на соединение наречено процијанидин C1 или PCC1, кое се наоѓа во екстрактот од семки од грозје.

Претходно, научници од Шангај открија дека PCC1 го зголемува животниот век на глувците за речиси 10 проценти со селективно уништување на старите клетки и заштита на здравите.

 

 

 

Поврзани вести

Microsoft Mesh – платформа за работа од далечина во проширена реалност (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Кога лошиот здив е знак дека треба да посетиме лекар?

Urednik

Како ненадејното губење на тежина може да влијае на нашиот имунитет?

Radmila Tasevska