Путерот од тиква е една од омилените есенски намирници на многумина, а покрај одличниот вкус има и бројни нутритивни вредности, благодарение на кои е одлична за нашето здравје, пренесува Healthline. Како што објаснуваат нутриционистите, путерот од тиква е богатаж со хранливи материи како што се витамин А, витамин Ц, калиум, влакна и бета-каротин. Овие хранливи материи играат важна улога во одржувањето на нашето тело здраво на неколку начини.
Поздрава и поубава кожа
Како прво, луѓето кои редовно ја консумираат оваа храна ќе имаат поздрава кожа. Причината за тоа е големото количество бета-каротин, кој во нашето тело се претвора во витамин А и на тој начин помага во заштитата на клетките на кожата од оштетување од штетните УВ зраци. Исто така, витаминот Ц е одличен кога станува збор за хидратација на кожата, но исто така го стимулира формирањето на колаген, што ја прави кожата поубава, еластична и сјајна.
Зајакнување на имунитетот
Слично на тоа, диететичарите објаснуваат како путерот од тиква е одличен кога станува збор за зајакнување на нашиот имунитет. Многу истражувања покажале дека редовното консумирање на оваа намирница придонесува за поголема отпорност на нашиот организам и затоа поретко ќе се разболуваме.
Помал ризик од болести на срцето и крвните садови
Благодарение на високата содржина на калиум во тиквата, редовното консумирање доведува до намалување на крвниот притисок и намален ризик од срцеви заболувања. Покрај тоа, оваа вкусна и здрава храна содржи и антиоксиданси за кои е докажано дека помагаат во неутрализирање на слободните радикали во телото и го намалуваат ризикот од хронични заболувања.