Многу истражувања покажуваат дека магнезиумот е еден од најважните минерали потребни на телото за нормално функционирање. Исто така, познато е дека недостатокот на магнезиум може да доведе до несакани последици и проблеми со нашето здравје. Затоа, воопшто не е чудно зошто повеќето диететичари ја нагласуваат важноста од консумирање на храна која содржи големи количини од овој важен минерал.
Но, која храна содржи најмногу магнезиум? Иако повеќето здрава храна го имаат овој есенцијален минерал, постојат намирници кои повеќето експерти ги истакнуваат како задолжителни доколку се трудиме да внесеме што повеќе магнезиум во организмот. Овие намирници се следните:
зелен лиснат зеленчук
-ореви
-ленено семе
-чија семиња
-какао
-мешунките
-тофу
-авокадо
-масна риба како лосос
банани
Според Web MD, препорачаниот дневен внес на магнезиум за возрасни е од 320 до 420 милиграми, а експертите нагласуваат дека мажите треба да консумираат малку повеќе магнезиум од жените.