СТАНДАРД life
Здравје

Седум суптилни знаци кои откриваат дека детето можеби страда од анксиозност

НОРМАЛНО е детето одвреме-навреме да се чувствува загрижено или вознемирено, на пример кога се ближи поаѓање во градинка, училиште или некој важен тест. Но, за некои деца, анксиозноста многу влијае на нивното однесување и размислување, отежнувајќи го секојдневниот живот.

Според Националната здравствена служба (NHS), психолозите објаснуваат дека родителите треба да обрнат внимание на одредени знаци кај нивните деца бидејќи тие би можеле да укажуваат на анксиозност, која доколку не се лекува може да премине во депресија.

Овие знаци вклучуваат:

* проблеми со концентрацијата
* несоница
* послаб апетит
* постојана грижа или негативни мисли
* раздразливост
* плачливост.

Исто така, некои деца често се жалат на болки во стомакот, додаваат психолозите.

Тие тврдат дека родителите никогаш не треба да се двоумат да разговараат со психолог доколку забележат дека нивното дете се бори со анксиозност.

Сите родители на анксиозни деца ги прават овие 4 работи, велат психолозите

Поврзани вести

Едноставни совети за подобра хигиена: Што треба редовно да применувате, а што не

Urednik

Моно диета: може да предизвика многу повеќе штета отколку добро

Urednik

Ослободете го стресот и опуштете го умот: 8 начини да заборавите на грижите

Urednik