СТАНДАРД life
Здравје

Што му прави еден газиран пијалок на вашето тело?

Пиењето само еден засладен пијалак дневно го зголемува ризикот од смрт од срцеви заболувања или дури и рак, сугерира истражувањето. Студијата на Харвард покажа дека само една до две лименки газиран пијалак, сок или енергетски пијалак дневно ги зголемуваат шансите за смрт од срце до 31 отсто.

Исто така, истата количина го зголемува ризикот од прерана смрт од која било причина (вклучувајќи го и ракот) за повеќе од една петтина. Замената на засладениот пијалак со диетален пијалак го намалува ризикот, заклучија научниците. Меѓутоа, ризикот повторно се зголемува доколку пиете повеќе од четири лименки диетален пијалак дневно, пренесува Net.hr.

Споредбата е јасна

„Нашите резултати докажуваат дека газираните и засладените пијалаци треба да се заменат со други пијалаци, по можност вода, за да се подобри вашето здравје и да се продолжи животот“, изјави водачот на истражувањето Васанти Малик за Daily Mail.

За да утврдат колку газираните пијалаци влијаат на ризикот од смрт, истражувачите анализирале 80.647 жени и 37.716 мажи. Сите учесници беа испрашувани за нивното здравје и животни навики на секои две години. Резултатите покажале дека оние кои пиеле две или повеќе лименки дневно имале 31 отсто поголеми шанси за срцеви заболувања во споредба со оние кои пиеле газиран пијалак помалку од еднаш месечно.

Зголемен ризик од прерана смрт

Исто така, важно е да се истакне дека секоја дополнителна лименка на ден го зголемува ризикот за уште десет проценти. Покрај срцевите заболувања, газираните сокови го зголемуваат ризикот од прерана смрт од која било причина за 21 отсто. Иако е мал, постои и врска помеѓу пиењето засладени пијалаци и канцерогените болести.

Дури и пред ова истражување, имаше силни докази дека зашеќерените и газираните пијалаци го зголемуваат ризикот од дијабетес тип 2, што сам по себе е фактор на ризик за прерана смрт.

Поврзани вести

Зошто треба да јадеме банани: Новите научни сознанија го поддржуваат ова егзотично овошје

Urednik

Колку навистина е неопходно да внесувате ВОДА во текот на денот, за да го одржите телото ХИДРИРАНО?

Urednik

Што се случува со вашето тело кога јадете банани секој ден?

Radmila Tasevska