СТАНДАРД life
Здравје

Ако ја јадеме оваа храна секој ден, можеме да го намалиме ризикот од „тивкиот убиец“

Како што објави британски Мирор, научниците тврдат дека откриле дека јадењето храна богата со калиум, како што се бананите, може значително да го намали крвниот притисок, а високиот крвен притисок е одговорен за дури половина од сите срцеви и мозочни удари. Покрај тоа, повеќето луѓе ширум светот не се ни свесни дека имаат проблем со крвниот притисок додека не почувствуваат посериозни симптоми.

Научниците велат дека редовното консумирање банани го намалува ризикот од срцеви и мозочни удари, особено кај женската популација. Друга корисна храна за спречување на висок крвен притисок се зелен лиснат зеленчук, лосос, грав, боранија, кајсии и авокадо.

Сите овие намирници се богати со калиум, но и со бројни други хранливи вредности, за кои е докажано дека го намалуваат високиот крвен притисок, а со тоа го намалуваат ризикот од други здравствени проблеми.

Според податоците, факторите кои го зголемуваат ризикот од висок крвен притисок вклучуваат:

* возраста
* семејна историја на болеста
* пушењето
* алкохол
* прекумерен внес на сол
* премалку овошје и зеленчук
* недостаток на физичка активност
* дебелината.

Најлошата храна за луѓето со висок крвен притисок

Поврзани вести

Научниците открија зошто не е добро кога пребрзо заспиваме

Radmila Tasevska

Калинка, суперовошје што треба да се јаде секој ден!

Radmila Tasevska

Ова е најдобро време за ручек доколку сакаме да ослабеме

Radmila Tasevska