Ако некое време размислувате да имате бебе, можеби е време да „дејствувате“ бидејќи месец јули е исклучително соодветно време за зачнување. Се разбира, забременувањето, во кое и да е време од годината е нешто одлично и на крајот, најважно е со бебето и мајката да биде сè во ред.
Исто така е точно дека човек никогаш не може да си прави планови, бидејќи животот е непредвидлив, особено кога станува збор за бременост. А сепак – ништо не пречи да се обидете токму овој месец, бидејќи тој си има свои предности. Еве и кои се тие:
1. Избегнувате сезона на грип
Во случај да зачнете во месец јули, ќе родите, кога зимската сезона на гриповите веќе е завршена. Тоа значи дека спокојно може да излегувате надвор со бебето и дека нема потреба да се грижите толку многу како што би било ако тоа се роди во октомври или ноември, на пример. Обидете се да зачнете сега за да избегнете штотуку роденото бебе да се разболи.
2. Свеж воздух – добар за мајката и за бебето
Ако забремените овој месец, тоа значи дека хипотетички бебето треба да се роди кон крајот на март или почетокот на месец април. Со други зборови – ќе ја пречекате пролетта или поточно таа ќе ви се исполни. Ќе имате можност да се шетате на свеж и чист воздух со своето бебе речиси од самиот почеток. Ако пак веќе имате дете пролетното време е одлична за прошетки – ќе го гледате бебето додека неговиот постар брат или поголемата сестра трошат енергија во паркот.
3. Без дилеми поврзани со училиштето
Родителите на децата родени во крајот на летото или почетокот на есента, често се соочуваат со дилемата кога да го пуштат своето дете на училиште. Ако вашето дете е родено во пролет, за вас нема да има потреба да се соочувате со овој проблем – тоа нема да биде ниту најголемото ниту најмалото во класата.
4. Релакс во лето – поголеми шанси за зачнување
По традиција во летната сезона сите се насмеани, сè е потопло, пријателско и прекрасно. Затоа има голема шанса да се чувствувате смирени токму сега, што ги зголемува шансите да забремените. Освен тоа месец јули е погоден за планирање на одмор во кој заедно со партнерот ќе „работите“ токму по прашањето со наследникот.
5. Се чувствувате посекси
Кога една жена се чувствува секси, тоа го менува целокупното нејзино однесување и ја тера да биде самоуверена. Обично топлите летни месеци, вклучувајќи го и јули, се период кога поголем дел од дамите се чувствуваат токму на овој начин. Затоа има голема шанса и вие да паднете меѓу нив. Простата логика е таква што поголемата самоувереност во надворешниот изглед ќе ја зголеми вашата сексуална желба, а тогаш за возврат ќе се зголеми и фреквенцијата на сексуални акти и оттаму – можноста за забременување.