СТАНДАРД life
Здравје

📽Нов хит напиток за борба против настинки, потребни ви се само две состојки

Рецепт за нов одличен пијалок кој помага во борбата против настинките и грипот брзо се прошири низ социјалните мрежи. Тоа е комбинација од мед и лук која нуди бројни придобивки.

Клучот е да се остави измешаниот лук и суров мед да ферментира заедно. Некои од оние кои го консумираат овој пијалок го нарекуваат „течно злато“, додека други наведуваат дека им го променил животот.

Како што пишува „Њујорк пост“, медот има антиоксидантно, антимикробно, антиинфламаторно и антиканцерогено дејство и нашироко се користи за ублажување на симптомите на настинка, особено за болки во грлото.

@hoemgirl she used give me a spoonful everyday and i lowkey hated it but now im so grateful 😫 #garlicandhoney #garlic #homeremedy #homemade #koreanmomcooks ♬ original sound – Sarah 호정 Kim

Лукот, од друга страна, има антивирусни, антиинфламаторни и антигабични својства, а исто така е добар и за нашиот имунолошки систем.

За да ги искористите сите придобивки од овие две намирници, обидете се да ги ферментирате заедно. Излупете две до три чешниња лук и ставете ги во тегла, а потоа покријте ги со суров мед.

Добро измешајте ја смесата и затворете ја теглата. Ќе треба да ја отворате и затворате теглата секој ден за да избегнете зголемување на притисокот за време на ферментацијата. Чувајте го шишето на ладно и суво место околу три до четири недели пред да почнете да го консумирате.

Поврзани вести

По јадењето ни случајно не треба да запалите цигара!

Radmila Tasevska

Ако сакате да изгубите килограми, избегнувајте ги овие четири додатоци

Radmila Tasevska

Банани за појадок? Еве зошто треба да ги прескокнете

Radmila Tasevska