СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колемишевски: Преку PayPal, ќе овозможиме да се продаваат и нашите производи на светскиот пазар

Заменик министерот за економија Кирил Колемишевски денеска се сретна со Венко Глигоров и истакна задоволство од овозможувањето на PayPal во државата, но дека ќе се заложи и за продажба на македонските производи на странските пазари, со оглед дека оваа услуга е само достапна за купување на странски производи од граѓаните на нашата земја.

„Одлична средба денес со Венко Глигоров, еден од нашите најискусни претприемачи и претставникот на приватната иницијатива за воведување на PayPal и останати платежни процесори.

Како што е познато, PayPal е овозможен во државата за купување на производи од странство, но нема можност за продажба на македонски производи на странските пазари.

Преку овозможување на PayPal, сметам дека има голем потенцијал за македонската економија, нашите производи и услуги да се најдат на светскиот пазар. Ова особено е корисно за микро и малите фирми, поединците и професионалците, чии услуги и производи се барани во Европа и светот.

Заедно ќе се заложиме овој сегмент од македонската економија да го динамизираме и да овозможиме услови за зголемен извоз на македонските производи и услуги.

Ги повикувам претприемачите, бизнисмените и луѓето со храбри идеи, да ме контактираат за презентирање на идеите и мерките, бидејќи сите сме дел од тимот кој треба да ја подобри македонската економија“, сподели Колемишевски.

Поврзани вести

Арсовска: Доколку веднаш не им се помогне на компаниите, нема да останат компании кои понатаму ќе генерираат средства во буџетот

msp-admin

Маск остана „пократок“ за 16 милијарди долари

msp-admin

Кој го купи Сава центар за 17,5 милиони евра?

msp-admin