СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Инстаграм повлече една „популарна“ опција од менито

Инстаграм работат на многу промени на својата апликација, а она што поголемиот дел корисници веќе го забележаа е дека недостига табот „Following“ од менито каде следевме од кого сме добиле лајк или коментар.

Причините за ваквата промена се многубројни, а една од главните е дека ја користеле сосема мал број корисници. Во овој таб можеше да се следи активноста на оние кои ги следиме, каде сè ставаат лајкови, кого следат и каде коментирале. Наместо тоа, сега ќе ја гледаме само активноста на својот профил.

Од друга страна, на многу корисници не им се допаѓало тоа што нивната активност може да биде следена, па затоа и ги затворале своите профили, што е различно од првичната идеја која Инстаграм ја имале кога ја создале оваа позната мрежа.

Сите корисници ќе можат да ја користат опцијата „Explore“ за да откриваат нови содржини. А според реакциите, поголем е бројот на оние кои воопшто не ја користеле опцијата „Following“, додека пак оние кои биле „редовни“ таму се малку повеќе разочарани што не можат да „шпионираат“.

Поврзани вести

Apple исфрли 39.000 игри од App Store за еден ден

Влатко Зорба

Промовиран Xiaomi Mi 11 за европскиот пазар (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Хеликоптер на тлото на Марс (ВИДЕО)

Влатко Зорба