СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Герберих: Трговската размена со Германија порасна за 18%

На првата официјална средба помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и амбасадорот на Германија Томас Герберих беше нагласен растечкиот тренд на трговската соработка, како и континуираната поддршка што оваа пријателска земја и ја дава на Северна Македонија, особено во нашата цел да станеме член на Европската Унија.

Германија е најзначaјниот трговски партнер на Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава земјата во Германија извезла стоки во вредност 1,8 милијарди евра, што е покачување за 22% во однос на лани, додека вкупната трговска размена пораснала за 18%. За 1,3 милијарди евра извезуваме повеќе стоки во Германија отколку што увезуваме, односно нашата земја остварува трговски суфицит.

Во рамки на билатералната соработка, Германија има инвестирано 368 милиони евра во нашата земја преку КфВ развојната банка. Во рамки на оваа соработка реализирани се бројни проекти, а во моментот во имплементација се: втората фаза од Ветерeн парк Богданци, Топлификација Битола, втора фаза на проектот Наводнување на Jужната долина на реката Вардар фаза 2.

Исто така, во рамки на соработката со КфВ развојната банка во тек е подготовката на Проектот за реконструкција на студентските домови во земјава, за што е ангажиран и консултант кој направил структурна и енергетска анализа за реновирање на 9 студентски дома.

Поврзани вести

Граѓаните кои останале без работа може да аплицираат за финансиска помош до 26 јуни

По новите мерки: Музичарите со песна ќе протестираат, угостителите доброволно ќе ги затворат објектите

Берта Китинска

„И по цена фирмата да ни пропадне, нема да отпуштаме работници“ – угостители за пример

Берта Китинска