Apple ја разгледува идејата за лансирање нов „евтин“ паметен телефон за понатамошно стимулирање на продажбите во индустријата. Компанијата ќе започне со продажба на овој производ во првиот квартал на 2020 година. Моделот за кој станува збор ќе се вика iPhone SE 2 и ќе има сличен дизајн како оној на iPhone 8. Популарниот блогер од TF Securities, Минг-Чи Куо ги потврди овие планови на Apple и сподели дополнителни детали за паметниот телефон. IPhone SE 2 премиерно ќе излезе на почетокот на 2020 година, со цена од околу 399 долари.
Уредот ќе биде достапен во верзии од 64 GB и 128 GB. Горенаведената сума е веројатно за основната верзија од 64 GB. Корисниците ќе можат да избираат од три различни конфигурации во боја: сребрена, сива и црвена, пренесе 9to5mac. Секако, пониската цена значи дека моделот нема да ги нуди истите карактеристики како iPhone 11. Една од промените што ќе ги направи Apple е отсуството на сензорот 3D Touch кој нема да го најде iPhone SE 2. Смартфонот ќе работи со Apple A13 процесор и ќе има 3 GB RAM меморија.
Ова значи дека „евтиниот“ модел ќе го има истиот процесор како моделите во серијата iPhone 11, но ќе се продава по значително пониска цена. Сè уште не знаеме какви други карактеристики ќе понуди уредот. Ако додадеме на тоа поддршка на целата функционалност во iOS 13, дефинитивно можеме да кажеме дека iPhone SE 2 има потенцијал да стане хит на пазарот. Почетокот на календарската година традиционално беше слаб период во индустријата, но Apple изгледа подготвено да се обиде да ја промени ситуацијата со iPhone SE 2.