СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Смартфоните на Samsung ќе можат да се користат и како POS терминали

Samsung има сериозни амбиции во врска со плаќањата преку мобилни телефони. Во 2015 година, Корејците го објавија дигиталниот паричник Samsung Pay и постојано додаваат нови функции кон него, вклучително и Pay Cash и Money Transfer. Сега, сепак, компанијата се подготвува да навлезе во уште еден сегмент на плаќања преку системот „Samsung Point of Sale“ – Samsung POS, кој се спроведува заедно со Mobeewave.

На овој начин, трговците ќе можат да го користат својот телефон за да прифатат безконтактни плаќања, за што ќе биде потребна инсталација на апликацијата Samsung POS и регистрација во системот. Тогаш ќе биде можно да се примаат плаќања за услуги и преку NFC, без да се бара дополнителен хардвер.

Samsung POS работи со Mastercard и Visa, а најверојатно ќе биде заштитен од Samsung Knox. После тестирањето во Канада, Samsung почнува да ја распространува својата нова услуга на глобално ниво.

Поврзани вести

Што можете да направите со батерија од 5.000mAh

Влатко Зорба

Моделите на Sony, кои ќе се ажурираат до Android 10

msp-admin

Андроид се наоѓа на повеќе од 3 милијарди активни уреди