Стандард
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple за следната година подготвува 10,9-инчни OLED iPad Pro и OLED Macbook Pro?

Според Digitimes, Apple планира да претстави OLED iPad Pro следната година. Компанијата ќе користи 10,9-инчен OLED панел за својот iPad Pro во 2022 година. Извештајот, исто така, сугерира дека Apple планира и 12,9-инчен OLED iPad Pro, како и 16-инчен OLED MacBook Pro за подоцнежен период во текот на 2022 година.

Извештајот е малку контроверзен, со оглед на тоа што голем број извори укажуваат на тоа дека Apple во линијата iPad Pro и MacBook Pro уреди за 2021 година планира да имплементира нова мини-LED технологија.

Најрано што можевме да видиме мини-LED iPad е во текот на март. Новите редизајнирани модели MacBook Pro 14 и Pro 16, со чип Apple Silicon, исто така, се очекуваат со мини-LED дисплеи во текот на 2021 година.

Ова не е прв пат да слушнеме информации за OLED iPad. Јужнокорејските медиуми претходно сугерираа дека OLED iPad пристигнува во текот на втората половина на оваа година.

Извештајот на „Дигитајмс“ тврди дека Apple експериментира со mini-LED, micro-LED и OLED технологии за своите iPad и MacBook уреди.

Поврзани вести

Генијално решение за еден од најчестите проблеми денес – скршен екран на мобилен телефон

Никола Поповски

Почна RoboMac 2020

msp-admin

ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Хеликоптер на тлото на Марс (ВИДЕО)

Влатко Зорба
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!