СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Македонија 2025 на самитот ќе ги спои иноваторите за почист воздух и градоначалниците

Покрај бројните гости од светски рамки, овогодинешниот самит на организацијата ,,Македонија 2025” ќе даде значителен осврт на животната средина.

Ова на брифинг со новинарите го најави извршната директорка на организацијата, Никица Мојсоска Блажевски, која додаде дека организацијата освен проектите со кои веќе ги стимулира исселените да инвестираат во Македонија, вложува многу во талентираните млади лица, но и децата од социјално-загрозените семејства.

Мојсоска Блажевски нагласи дека ќе се зголеми соработката со државните институции, со цел како организација да придонесат во целта Македонците кои ја напуштиле државата, да вложат во неа.

На самитот кој ќе почне на 13-ти, а ќе заврши на 15-ти ноември, од организацијата очекуваат да придонесат во соработката помеѓу македонските и странските стопанственици. Освен тоа, ќе се претставуваат и иновации за прочистување на воздухот, кои иноваторите ќе им ги претстават на градоначалниците. Целта на организацијата меѓу другото е, да даде поголем осврт кон загадувањето.

Од ,,Македонија 2025” додадоа дека државјани на Македонија кои ја напуштиле земјата преку нив веќе вложиле, а фондот ,,Сеаф” во кој освен Македонци, вложуваат и други граѓани, тежи 2,5 милиони евра.

Овогодинешниот самит е осми по ред кој го организира ,,Македонија 2025”, а денеска брои 16 директори низ светот, кои комуницираат со нашите исселеници и ги стимулираат својот капитал да го вложат во Македонија.

Оваа година, помеѓу македонските претставници се најдоа министерката Нина Ангеловска, како основач на Групер, Игор Поповски, Жарко Димитриовски, Ариана Кошкарова, а свое обраќање ќе имаат премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.

Поврзани вести

На увоз на шеќер лани сме потрошиле 30,5 милиони долари

Stefanija Kuzmanovska

ММФ: Од суштинска важност е да се зачува независноста на Народната банка

Влатко Зорба

После едномесечно затворање: „Епл“ повторно ги отвори продавниците во Кина