Стандард
ЕКОНОМИЈА

Анѓушев: 120 компании планираат да вработат 4 000 луѓе, тоа значи дека продуктивноста ќе расте

Продуктивноста е работа на стопанственците, а државата помага со субвенции за нови технологии – изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев во интервју за ТВ Алфа. Тој посочи дека продуктивноста се зголемува ако за иста плата се произведат повеќе производи.

„Начинот да се зголеми продуктивноста е со нови технологии. Постојат три начини тоа да се направи тоа: да се воведат современи технологии, вработените да знаат да работат со висока технологија, менаџерот да знае да ја организира работата и исто да има мотивирани вработени затоа што фабриките сами не работат без работници”, изјави Анѓушев.

Тој посочи дека годинава преку Законот за финасиска поддршка вкупно 120 компании пријавиле дека во следниот период ќе инвестираат 230 милиони евра, од кои само во првата година веќе инвестирани се 110 милиони евра.

Во исто време се планираат вработувања на 4.000 луѓе, од кои само во првата година се вработиле 1.300 луѓе, што е показател дека се инвестира во технологии и дека ќе се зголеми продуктивноста, посочи вицепремиерот Анѓушев.

Поврзани вести

МТВ, ЈСП и Водовод со најголема загуба, МЕПСО и Државни патишта со најголеми приходи

Влатко Зорба

Владата, министерствата и приватниот сектор со заеднички сили работат за поголемо учество на жените во бизнисот

Влатко Зорба

Алкалоид успешно влезе во SAP HANA системот