СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Нето платата за август изнесува 25.127 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува 25.127 денари и во споредба со август лани е поголема за 3,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растото на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во дејностите на здравствена и социјална заштита за 10,9 отсто,  транспорт и складирање за 7,3 отсто и информации и комуникации за 5,8 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите информации и комуникации за 4,7 отсто, уметност, забава и рекреација 3,5 отсто и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,3 отсто.

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, август 2019 година изнесува 37.322 денари.

Поврзани вести

ЕБОР и ЕУ во поддршка на малите бизниси во С. Македонија

Влатко Зорба

Исплатени над 1,6 милијарди денари субвенции за земјоделците

Берта Китинска

Битиќи-Кундурос: Економската соработка помеѓу С. Македонија и Грција е традиционално на високо ниво