СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Софтвер инфицирал 42 мобилни апликации со над 8 милиони инсталации на Google Play

Сопствениците на паметни телефони со Android се изложени на ризик од нова закана за нивната лична безбедност. Ова е нов малвер што е откриен од експерти на ЕСЕТ. Нивните тестови од големи размери покажуваат присуство на вирус кој инфицирал најмалку 42 апликации на Google Play. Според податоците, нивниот број е многу поголем доколку се додадат и надворешни продавници за преземање на софтвер за уредите со Android.

Експертите велат дека заканата влијае на мобилни апликации кои биле инсталирани повеќе од 8 милиони пати, пренесува DigitalTrends. Оваа бројка најдобро го илустрира обемот на овој проблем. ESET тврди дека новиот софтвер генерира приходи за неговите креатори, преку пуштање малициозни реклами, кои исто така се лансираат во „Full-Screen“ режимот. Најлошото за корисниците е што тие не можат да ги отстранат од екранот на паметниот телефон.

Не само што досадните реклами можат да ги забават уредите, туку можат да соберат и податоци за активност од нивните сопственици. Повеќето погодени апликации биле заразени со месеци со малвер, пред ESET да го извести Google за заканата. Фактот дека овие наслови генерирале над 8 милиони инсталации е прилично алармантен. Во секој случај, треба да бидете многу внимателни во однос на содржината што ја преземате на вашите мобилни уреди за да спречите вакви проблеми.

Поврзани вести

Android 11 ќе поддржува функција за споделување на батеријата со други паметни телефони

msp-admin

ЕУ ќе формира заедничката сајбер единица за справување со зголемениот онлајн криминал

Stefanija Kuzmanovska

Се соочуваат со казна од 5 милијарди долари: Google тужен поради „лажење за инкогнито режимот“

Влатко Зорба