СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Смартфоните на Xiaomi алармираат при земјотрес

Пред неколку месеци, Xiaomi објави функција за предупредување за земјотрес, а подоцна и официјално ја додаде во фирмверот на своите нови паметни телефони. Кинеските корисници веќе ја тестираа технологијата и велат дека таа работи многу добро.

Според официјалните податоци на кинеската сеизмолошка служба, земјотрес со јачина од 4,1 степени го погоди градот Јибин во провинцијата Сечуан на 10 ноември во 06:46 часот со епицентар на длабочина од 8 километри. Излезе дека смартфон функцијата алармира за земјотресот скоро истовремено, со регистрацијата на земјотресот од страна на специјализираната служба.

Корисник на социјалната мрежа „Веибо“ тврди дека неговиот паметен телефон Xiaomi бучно предупредувал на земјотресот точно во 6:46 часот наутро. Тој, исто така, објавил скриншот една минута подоцна, во 06:47 часот, пренесува ITHome.

Важно е да се напомене дека функцијата не предвидува земјотрес – ова е обично невозможно да се направи со специјални уреди. Но, дури и самото информирање за земјотрес им дава можност на луѓето да го преземат потребниот итен одговор.

Уште повеќе, во случај на земјотрес, план за евакуација автоматски се прикажува на екранот на вашиот паметен телефон Xiaomi до најблиското засолниште. Значи, корисноста на новата карактеристика е несомнена.

Поврзани вести

GTA V испорачанa во над 140 милиони примероци

Влатко Зорба

Google ја одложи промоцијата на Android 11

msp-admin

Следната генерација на Samsung Galaxy S може да снима 8K 60FPS видео

Влатко Зорба