СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Во финална фаза подготовките за објавување тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен преку ЈПП

Подготовките за објавување на тендер за изградба на хидро електраната Чебрен по принцип на јавно приватно партнерство (ЈПП) се во финална фаза, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на презентација во Владата на новата прелиминарна студија изработена од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ (International Finance Corporation – IFC), дел од групацијата Светска банка, која е неопходна за објавување на тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен на која имаше и претставници на Секретаријатот на енергетската заедница.

-Владата на Република Северна Македонија е посветена на реализација на енергетските реформи, кои подразбираат и постепена транзиција од конвенционалното производство на електрична енергија од фосилни горива, кон се повисоко ниво на производство на енергија од обновливи извори. ХЕЦ Чебрен ќе овозможи дополнителна стабилности и сигурност на електро-енергетскиот систем во Северна Македонија, со обезбедувањето на секундарна регулација и потребните балансни услуги на системот во земјата и во регионот, рече Анѓушев.

По многубројни неуспешни тендери, со новиот сеопфатен пристап и студиите направени за ХЕЦ Чебрен, како и вклучување на сите релевантни страни, додаде дека е убеден во успешна реализација на јавниот тендер и конечна реализација на проектот.

-Со изградбата на овој енергетски капацитет, како и реализација на проектите за изградба на фотонапонски електрани со инсталирана моќност од околу 200 мегавати, што е десеткратно поголемо производство од досегашното, удвојување на производството на електрична енергија од ветерни електрани, производството на електрична енергија од обновливи извори значително ќе се зголеми, потенцира Анѓушев.

Студијата ја презентираа претставници на консултантската куќа АФ МЕРКАДОС во соработка со Ексергија, кои беа ангажирани од страна на ИФЦ. На презентацијата присуствуваше и делегација од Секретаријатот на енергетската заедница, предводена од заменик директорот на Дирк Бушле, како и делегација од ИФЦ, предводена од менаџерот задолжен за Северна Македонија и Црна Гора, Зоран Мартиновски.

Претставниците на Секретаријатот на енергетската заедница ги оценија позитивно реформите во енергетскиот сектор во изминатиот период, а тоа се потврдува и во нивниот последен годишен извештај, кадешто Република Северна Македонија е препознаена како регионален шампион во спроведувањето на реформите во енергетскиот сектор.

Изградбата на хидро електраната Чебрен е стратешки проект кој е од голема важност за енергетската стабилност во Северна Македонија и во регионот на Југоисточна Европа. Согласно предвидениот план, се очекува до крајот на 2019 година да се објави меѓународен јавен повик за изградба на ХЕЦ Чебрен. Како што информираат од Кабинетот на Анѓушев, од информациите добиени од ИФЦ, постои голем интере од меѓународните компании за инвестирање во овој проект.

Поврзани вести

Германските банки почнаа да ги одбиваат парите на штедачите

Влатко Зорба

Honda ќе ги електрифицира своите возила во Европа до 2022 година

msp-admin

Стопанска комора: Недостасуваат работници кои што ќе работат во ресторани и хотели